„На СП ќе одиме да се одмаздиме и да го освоиме златото“

Репрезентацијата на Франција на Светското првенство во 2017 го освои златниот медал и на последните два Мундијали, во 2019 и 2021 година, не успеа да влезе во борбата за титулата и заврши на третото, односно четвртото место.

Франција за Светското првенство 2023, кое ќе се одржи во Полска и Шведска, ќе атакува на освојување на првото место. Без разлика дали станува збор на Мундијал, Европско првенство или Олимписки игри, „триколорите“, секогаш биле главни фаворити за златото.

Новиот капитен на француската репрезентација, искусниот Лука Карабатиќ во разговор за официјалната страна на Ракометната федерација на Франција истакна дека со неговите репрезентативни колеги се спремни да го вратат златото во свои раце.

,,Можам да кажам дека на речиси секое големо натпреварување нашата репрезентација е меѓу најдобрите четири. На СП 2023 повторно ќе бидеме фаворити, но првенството е многу долго и ќе имаме многу натпревари за играње. На Европското првенство во Унгарија и Словачка ја освоивме 4. позиција и на овој Мундијал во Полска и Шведска ќе одиме да се одмаздиме, односно да го освоиме првото место”, изјави Карабатиќ.

Ракометарите на Франција на Светското првенство во јануари ќе играат во група со Полска, Словенија и Саудиска Арабија. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза.