Ракометарката која го бранеше голот на Данска на Светското првенство во Шпанија, Алтеа Рајнхард ја има една од најпопуларните фотографии, а таа е од моментот кога доби топка во лицето.
Фотографијата стана многу популарна бидејќи при ударот во лицето на средбата против Франција таа е сплескана и целосно деформирана.
Овој момент беше причина за уличен уметник од Данска да направи графит на ѕид во Копенхаген.
Тој ја спореди топката со коронавирусот омикрон поради што повторно има ограничувања.
View this post on Instagram
Како што е познато, Рајнхард и нејзините колешки го завршија Мундијалот на 3. позиција и се вратија од Шпанија со бронзен медал.