Тимот на ЦСКА Моксва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, уште еднаш покажа дека нема вистинска конкуренција во Русија оваа сезона.
ЦСКА Москва забележа 16 победа во исто толку натпревари сезонава, откако славеше на домашен терен против Универзитет Ижевск со 38-23.
Ристовска на теренот мина петнаесетина минути и успеа да постигне три гола од три обиди. Тренерот Олга Акопјан ја чуваше македонската репрезентативка за гостувањето кај Ростов Дон, кое следува на 10 декември.
ЦСКА Моксва сега има 32 бода на првото место, пред Ростов Дон на втората позиција кој има 28 бода.