На ракометарите им се забрануваат многу работи, само него му беше дозволено да нурка  

Познато име во светот на ракометот и играч кој учествуваше во големите успеси на репрезентацијата на Хрватска, Никша Калеб и понатаму е актуелен во јавноста, но не поради неговите настапи на терен или активност во спортот.

Калеб се занимава со нуркање во местото Пељешка на Јадранско море каде што соработува со кинеска компанија и работи како нуркач.

Toj се потсети на периодот кога беше активен односно додека играше. Коментира за тоа каков договор имал односно што беше она што редовно не се ставаше како кај другите ракометари.

„Во договорот на спортистите редовно е наведено дека не смее да се скија, да се возат ролери, да се вози скутер, мотоцикл, да мора да биде врзан во автомобил, да не нурка… Ова последното секогаш се исфрлаше од мојот договорот“, вели Калеб.

Очигледно дека она што порано му беше хоби сега му е веќе нова професија. Инаку, Калеб после завршувањето на кариерата повремено беше стручен коментатор, но не се занимаваше со тренерска работа.