На радоста и немаше крај, Франција и Црна Гора во чартер за Љубљана (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Полуфиналистите слават во Борис Трајковски

 

 

Репрезентациите на Франција и Црна Гора од групата Б, која се игра во Скопје, се патниците во полуфиналето на ЕП. Двете репрезентации на свое конто имаат по осум, односно шест бода и во текот на утрешниот ден ќе ги одиграат последните натпревари пред заминувањето во Љубљана. Црна Гора последното полуфинале на Европското првенство го одигра во 2014 година и речиси осум години чекаше да се пласира меѓу 4-те најдобри репрезентации на едно големо натпреварување, додека Франција на претходното ЕП беше поразена од Норвешка.