На провокација со љубов: Стоилов vs Чкембари (ВИДЕО)

Вардар и Еурофарм Пелистер играат во финалето на 49.издание на Струшкиот турнир во реприза од минатата година.

На отвореното игралиште “Горан Попоски Бабец”, присутни се Чкембари, навивачите на битолскиот тим.

Тие на загревањето го провоцираа капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, и му пееја песни со навредлива содржина.

Но тој во манир на вистински џентлмен, позитивно го прифати скандирањето и ги поддржа, па почна да им диригира.