Европската ракометна федерација објави дека Европското првенство во 2020 кое треба да се одржи во Норвешка и Данска ќе трае еден ден повеќе од досега.
Континенталниот собир ќе се одржи во Скандинавија од 3 до 20 декември, а ќе има плус уште еден за одмор за ракометарките пред финалниот викенд во Осло.
Главната фаза ќе биде завршена во вторник, 15 декември, а среда и четврток ќе бидат слободни денови пред полуфиналните средби во петок на 18 декмеври.
Ждрепката за групите на женското ЕП ќе се одржи на 18 јуни во Виена со почеток во 11:00 часот.