Шпанскиот гигант Барселона забележа победа на гости кај Бидасоа Ирун во Асобал лигата со десет гола разлика, 27-37.
Но овој триумф може да биде скапо платен поради повредата што ја заработи еден од најдобрите ракометар, Арон Палмарсон.
Исланѓанецот поради болка во коленото мораше да го напушти теренот и повеќе не се врати во игра, а тоа може да биде голем проблем за Чави Пасквал на осум дена до завршниот турнир.
„Задоволен сум од победата, но никако не можам да бидам среќен поради она што му се случи на Палмарсон. Да видиме што ќе кажат лекарите, но дефинитивно не изгледаше добро“, изјави Пасквал.
Според првичните прогнози, станува збор за проблем со лигамените на коленото и ќе биде тешко да се реши до Нова Година, а доколку е уште посериозно Палмарсон нема да игра ниту на Светското првенство во Египет.
Завршниот турнир во ЛШ, на кој покрај Барса ќе играат ПСЖ, Веспрем и Кил се игра на 28 и 29 декември во Келн.