Македонското „ракометното класико“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер понуди неизвесност до крај, на теренот на трибините во СЦ „Јане Сандански“, а на полувреме гостите од Битола имаат предност од 12-11. Одлична најава за возбудливи втори 30 минути во кои секој ја чека шансата за бодови.
Вардар само еднаш успеа да поведе со два гола предност (9-7), но гостите веднаш возвратија. Ниту еден тим немаше предност со која можеше да се понадева дека го скршил отпорот на противникот. Се игра „гол за гол“ и се чека чека грешка за да може да се реализира противнапад.
Гостите од Битола поведа од почеток, и ги имаа расположените Табоада и Мандалиниќ на почетокот, а во самата завршница и Никола Маркоски. Вардар имаше шанса на „плус 2“ дури и да зголеми, но направи техничка грешка по што Еурофарм Пелистер намали, а потоа во следниот напад и израмни.
Битолчани играат мудро во одбрана затворајќи ги вардаровите повотмени и бековската линија не може да испорача употребливи топки, ниту на линијата од пест метри ниту на крилата. Кај Вардар во првото полувреме Тимур Дибиров и Филип Талески постигнаа по 3 гола.
Дербито привлече речиси полна сала во СЦ „Јане Сандански“ и на половина час пред почетокот на натпреварот веќе половина од местата во салата беа зафатени со навивачи.
По долга пауза на трибините во „Јане Сандански„ имаше и навивачи од Битола, најавувајќи спектакал на теренот но и меѓу навивачите. Нивното влегување во салата предизвика е поголема