По долги години чекање, на денешен ден во 2015 година, капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, во својата колекција трофеи го додаде оној што му фалеше – од Лигата на шампионите.
Во финалето на завршниот турнир во Келн, Барселона го совлада тимот на Веспрем со убедливи 28-23, а Лазаров се повреди на стартот и мораше надвор поради повреда.
Тоа беше осма титула за каталонскиот гигант во најелитното натпреварување, а прва за нашиот десен бек.
Лазаров доби место во идеалниот тим заедно со Миклер, Томас, Генсхајмер, Сулик, Хансен и Карабатиќ.