На два часа пред стартот на натпреварот меѓу Рајн Некар Левен и Тримо Требње, германскиот клуб објави дека тој е одложен!
Двобојот што требаше да се игра во „САП Арена“ во Манхајм е одложен поради еден позитивен случај на Ковид-19 во словенечкиот тим.
Тримо допатува во Манхајм и утринава тренираше во салата, но здравствените власти не дозволија да се игра овој натпревар.
ЕХФ веќе е информирана за ова одложување и наскоро трите страни треба да се договорат за нов термин.
Покрај овој дуел одложени се уште три натпревари. Денеска нема да играат Монпелје – ЦСКА Моксва, Чеховски Медведи – Адемар Леон и Еурофарм Пелистер – Татабања.