Како што објави Олимпискиот комитет на Германија, на германските клубови потребни им се околу една милијарда евра за да преживеат после пандемијата на коронавирусот. До овој износ комитетот дојде после неодамнешното истражување на штетите во сто клуба членови на организацијата.
Претседателот на комитетот во излагање пред спортската комисија во германскиот парламент нагласи дека на 90.000 клубови во земјата им треба финансиска помош за да преживеат после кризата со коронавирусот. Истоа така потребни се уште 235 милиони евра за спортовите кои се играат во сала за покривање на загубите од откажаните или одложените натпревари.
На помош од државата се надеваат и 255 клубови од првите и вторите лиги од првенствата во ракомет, кошарка, хокеј и одбојка. Според членовите на спортската комисија доколку државата не го поддржи професионалниот спорт сите овие натпреварувања нема да постојат во форматот кој го знаеме нагласувајќи дека многу клубови можат да пропаднат или да прогласат банкрот.
Од професионалните натпреварувања во Германија натпревари се играат само во фудбал, додека сите останати се откажани или одложени меѓу кои е и ракометот каде што беше завршена сезоната и Кил беше прогласен за шампион.