Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во рамки од 5. коло во Лига на Европа силите ќе ги одмерат против составот на Бидасоа Ирун.
Шпанскиот тим беше европски шампион во 1994/95, но иако сега не е од првиот ешалон, има одреден квалитет и не треба да биде потценет. Низ историјата, двете екипи имаат одиграно два меѓусебни дуели, во сезона 2019/20.
Тогашниот состав на Еурофарм Работник, во сезона 2019/20 настапи во првата фаза во Лигата на шампионите и за еден од ривалите го имаше и тимот на Бидасоа Ирун.
Првиот одигран натпревар меѓу двете екипи заврши со победа на Бидасоа Ирун од 26:25, додека на реванш дуелот во Битола „фармацевтите“ триумфираа со 25:23.
Мирко Радовиќ, Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Бојан Маџовски и повредениот Мартин Велковски се ракометарите, кои во сезона 2019/20 играа против Бидасоа Ирун. Еден од предводниците на Бидасоа Ирун во споменатата сезона беше актуелниот член на Еурофарм Пелистер, Руди Сери.
Историски гледано, битолскиот тим вкупно одиграл шест европски натпревари против шпански клубови. Освен со Бидасоа Ирун, битолчани во минатото на двапати играа со Адемар Леон и поранешниот европски гигант Портланд Сан Антонио и на сите четири дуели тимот од Битола беше поразен.
Бидасоа Ирун во сезона 1995/16 играше против Борец од Велес. На двата дуели победа оствари клубот од Шпанија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер со голем предизвик, му гостува на некогашниот европски првак