Репрезентативката на Русија и ракометарка на Ростов Дон, Јарослава Фролова на почетокот на годинава премина во Кубан Краснодар во Ростов и веднаш го покажа својот квалитет.
Во својот втор натпревар во Лигата на шампионите Фрулова имаше одлично издание против екипата на Кристиансанд.
Таа беше стрелец на седум гола и даде голем придонес во победата. Сепак во нејзиното семејство има ограничувања кој може, а кој не може да ги гледа натпреварите.
„Моите главни навивачи се баба ми и мајка ми, но мајка ми не и дозволува да ги гледа моите натпревари во живо за да не се грижи. Кога натпреварот ќе заврши добро и резултатот ќе е позитивен тогаш баба ми ја гледа репризата. Ми се јавува мајка ми и како тренер секако најде замерки за мојата игра. Главната порака е дека не постои совршенство“, рече Фролова.
Таа има само 22 години, а веќе има освоено сребрен медал на Европското првенство во Франција во 2018 година и бронзен медал на Светското првенство во Јапонија минатата година.