На 11 март во СЦ „Борис Трајковски“, Македонија забележа неверојатен резултат победувајќи го светскиот првак Данска со 33:29.
Тоа беше првиот натпревар на Кирил Лазаров како селектор на Македонија и имаше тројна улога.
Беше репрезентативец, капитен и селектор на Македонија на натпреварот на кој никој не очекуваше вакво деби на најдобриот ракометар на сите времиња.
Лазаров ја водеше Македонија до победа, а селекторот на Данците, Николај Јакобсен после средбата мораше да признае и да честита.