Летото во 2021 година донесе многу трансфери во Македонија, а најактивни на пазарот беа Вардар и Еурофарм Пелистер.
Во Вардар беше обновен речиси комплетниот тим бидејќи пристигна Жереми Тото од Висла Плоцк, Мартин Томовски од Бундес лигата… Подоцна дојдоа и браќата Њокас, кои прво беа планирани од Металург, но завршија во Вардар. Вујовиќ имаше тим кој тргна одлично во Лигата на шампионите, но потоа влезе во голема криза.
Еурофарм Пелистер летово како најголемо засилување го доби Унгарецот Мартон Секељ кој се покажа во одлична форма на голот во Битола. Тој беше најзвучното ново име иако во тимот дојдоа и Кизиќ, Божиќ-Павлетиќ…
На меѓународна сцена Арон Палмарсон ја напушти Барселона и се пресели во Алборг, клуб кој создава силен тим. Сандер Сагосен потпиша за Колстад, но таму ќе се пресели во текот на летото во 2023 година.