Еден месец пред одигрувањето на големиот дуел против Данска, Македонија доби нов селектор.
На 13 февруари, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов соопшти дека е донесена одлука Кирил Лазаров да се најде на одговорната функција и да покаже како се снаоѓа во функција и како тренер.
„На вчерашната седница на Управниот Одбор беше донесена одлуката да го избереме за селектор најголемиот човек во нашиот ракомет, кој има најголем придонес за нашиот ракомет – Кире Лазаров. Се договоривме со Лазаров тој да биде нов селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор. За мене е чест и привилиегија да ви ја соопштам таа вест, бидејќи ова е голем ден за македонскиот ракомет. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе ги биеме битките за македонскиот ракомет…“, изјави тогаш Мукаетов.
Своето деби на жешкото столче го имаше еден месец подоцна кога ја водеше Македонија на дуелот против Данска во Скопје во победата од 33:29.