Пепи Манасков во 2006 година става крај на репрезентативната кариера, без да добие проштален меч, а потоа иако има некои обиди да го вратат, тој останува доследен на зборот дека тоа е крај и нема враќање. Во интервју за 24ракомет откри дека главната причина е што се почувствувал бедно и издадено од своите.
„Доаѓав на секој повик на репрезентација и покрај тоа што ми беше многу тешко. Играв во Бундеслигата, која имаше ист интензитет и квалитет како и сега, и кога ќе дојдев на една недела во Македонија, тоа ми одземаше многу енергија и концентација. Како одминуваа годините стануваше се понапорно. Можев најмалку уште две години да играм за репрезентација, но една ситуација многу ме повреди. При чист договор со Пелистер каде по завршувањето на сезоната треба да сум слободен играч, јас, односно клубот Целје мора да му плати обештетување на Пелистер 30 илјади марки за моите услуги. Клубот потпомогнат од Федерацијата, чии претседател во тоа време беше Иван Бојков го направија тоа и ако не се платеше немаше да добијам сертификат. Можев да се тужам, но ќе загубев цела сезона. Тоа најмногу ме изиритира. После сè – тапкање по рамо, мајсторе, легендо, ракометар на векот и некој да ти направи такво нешто. Не можам да опишам колку бедно се чувствував. Не можете ни да замислите колку е тешко да заминете некаде на страна, а имате кочница од своите. Кога гледате како во странство ве почитуваат десет пати повеќе од дома. Толку помешани чувства, толку бедно се чувствував… И тогаш одлучив и напишав писмо дека ставам крај на настапите за репрезентацијата. Потоа имаше промени во Федерацијата и Кадиевски стана претседател и доаѓаа во Целје да ме молат да играм одново, да ми кажат дека и требам на селекцијата, но веќе беше доцна…“
Комплетното интервју може да го прочитате подолу.
ИНТЕРВЈУ ПЕПИ МАНАСКОВ: Ракометарот на векот во Македонија оставен на маргините