Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за четвртфиналните средби од Лигата на шампионите.
Македонскиот пар Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани на реванш дуелот меѓу германскиот и францускиот гигант, Кил и ПСЖ.
Двата тима денеска ќе играат во Париз, а „главни“ на реваншот во „Вундерино Арена“ ќе бидат токму Николов и Начевски.
Овој двобој се игра на 19 мај со почеток во 20:45 часот.