Светската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од второто коло во главната рунда на Мундијалот.
Најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нова мундијалска задача и ќе го судат дербито на денот.
Станува збор за двобојот меѓу еден од домаќините на Светското првенство – Шведска и селекцијата на Исланд.
Овој натпревар, на кој делегат ќе биде Рац од Швајцарија, ќе се одигра денеска 20:30 во „Скандинавиум Арена“ во Гетеборг.
Maкедонските арбитри досега ги судеа мечевите Унгарија – Португалија и Бахреин – Тунис.