Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 2. коло во Суперлигата.
Дерби натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер им е доверен на Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека делегати ќе бидат Душко Камишевски и Ацо Николовски.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, се игра в сабота 26 март со почеток во 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.
На мечот меѓу Охрид и Бутел Скопје, правдата ќе ја делат Металари и Николовски, додека на дуелот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер, задолжени за арбитражата ќе бидат Кркачев и Колевски.