По одличната арбитража на дуелот меѓу Египет и Португалија, најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нова задача на Олимписките игри во Токио.
Тие се делегирани да го судат дерби натпреварот од второто коло на машкиот турнир меѓу европскиот првак Шпанија и Норвешка.
Овој интересен натпревар ќе се игра утре со почеток во 09:15 часот во „Јојоги Арена“ во Токио.
Покрај нив, Драган Начевски ќе биде дел од официјалните лица на натпреварите Египет – Данска, Бахреин – Португалија и Јапонија – Шведска.