Екипата на Татран Прешов во своите редови го донесе првиот играч од неевропска земја. Се работи за бразилскиот ракометар Педро Пачеко, тој е 21 годишен талентиран ракометар кој настапува на позицијата среден бек и потпиша договор на две и пол години.
Пачеко беше член на младинската репрезентација на Бразил која минатата година настапуваше на Светското првенство и беше најдобар играч на својот тим. Се смета дека тоје е најголемиот талент во неговата генерација во Бразил.
За услугите на Пачеко беа заинтересирани повеќе клубови меѓу кои Биадсоа Ирун и неколку клубови од Португалија. Сепак тој се одлучи за Татран Прешов каде што смета дека ќе може да напрадува и можността да игра во европските натпреварувања и СЕХА лигата.
„Горди сме што можеме да првлечеме млади талентирани ракометари дури од Сао Пауло во конкуренција на водечките европски клубови. Примерот на развој на Рожерио Мораеш и Тиаго Петрус имаа големо влијание Пачеко да се одлучи за Татран. Исто така една од клучните работи за трансферот на бразилецот во Татран е и тоа што предводник на клубот е Славко Голужа под чие водство многу играчи постигнале заничителен напредок“, коментираше директорот на клубот Бениќ.
Педро Пачеко пристигнува во Татран Прешов од клубот Еспорте Клуб Пињеирос од Сао Паоло. Клубот е шампион на Бразил осум пати од 2007 година.