Тренерот на Ростов Дон, Амброс Мартин, во интервју за официјалниот сајт на клубот ги сумираше резултатите од руското првенство и ја коментираше одлуката на ЕХФ да не се одигра четвртфиналето на Лигата на шампионите во текот на летото.
Да, станавме шампиони на Русија, но не на начинот на кој би сакале да го сториме тоа. Најмногу од сè сакаме да играме ракомет, да натпревари, а плеј-оф-фазата нè очекуваше. За жал, таа беше откажана поради ширењето на коронавирусот. Во оваа ситуација, најлоша но правилна одлука беше да се стави крај на првенството и да се земат предвид резултатите од прелиминарната фаза. Без сомнение, Ростов-Дон беше најдобриот тим во текот на сезоната. Но, не можеме да го славиме овој шампионат како порано. Повторувам, раното завршување на рускиот шампионат беше најправилната одлука. Најважен сега не е ракометот и спортот воопшто, туку здравјето на луѓето“, рече Амброс Мартин.
Во однос на одложувањето на завршниот турнир во Лигата на шампионите, Амброс има свое видување на работите и предлог како да се доврши сезоната.
Се боревме во ЛШ цела сезона. Не беше лесно, имавме силни групи во двете фази. И според резултатите од главната рунда, само три екипи на нашата група постигнаа ист број на поени, немаше победник. Затоа, за мене најправедна и искрена одлука ќе биде одржување на завршен турнир со осумте најдобри од Лигата на шампионите. И не е важно во кој месец – септември или октомври. Во изминатите сезони игравме во главниот град на Унгарија во вторник, а сега четвртфиналето е пробно закажано за четврток, така што тајмингот нема да биде проблем. Сите ќе разберат дека треба да одиграме три натпревари за четири дена, и сите ќе бидат подготвени за ова. Мислам дека другите клубови не се против таква опција “, рече Амброс Мартин.
Завршниот турнир за мажи ЕХФ го закажа за крајот на декември со најдобрите четири екипи од групната фаза. Европската федерација сè уште нема одлучено како да заврши женското натпреварување со оглед на тоа што се игра различен формат од мажите.