Некогашниот член на Вардар, Кил, Веспрем и Бенфика, Рожерио Мораеш, до последен момент ќе биде неизвесен за настап на Светското првенство во дресот на Бразил.
Екс вардарецот, кој сега игра за бундеслигашот Мелсунген, се повреди на последниот натпревар против Ерланген.
Бразилецот го доигра натпреварот со бандажиран палец на десната шутерска рака, но потоа е утврдено дека има оштетувања, кои мора да бидат решени со оперативен зафат.
Паузата што ја предвидуваат докторите е најмалку три месеци, а тоа значи дека настапот на Мундијалот виси за Мораеш.
Неговата позиција во тимот на Роберто Парондо е пополнета со уште еден екс вардарец, Глеб Калараш и Арнар Арнарсон, па шпанскиот стратег нема да бара нов играч.