По комплетирањето на групната фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка, познат е пласманот на репрезентациите од 13 до 24 место.
Македонската машка репрезентација по трите порази од Словенија, Црна Гора и Данска, заврши на последното место во групата со гол разлика -16 (70:86).
Тоа беше доволно за 22 место што е најлош пласман досега на континенталните собири, на кои играше Македонија.
Македонија ќе биде носител на ждрепката за првиот бараж за Мундијалот во 2023 година што ќе се игра во март, но доколку ја мине првата пречка, нашата селекција нема да биде во привилегирана на ждрепката за вториот бараж.
13. Чешка
14. Србија
15. Унгарија
—————–
16. Словенија
17. Белорусија
18. Словачка
19. Португалија
20. Австрија
21. Литванија
22. Македонија
23. Босна и Херцеговина
24. Украина