Меѓу екипите кои во последната деценија се натпреваруваа во Лигата на шампионите имаше и такви кои не успеаја да се изборат за премногу позитивни резултати односно за многу бодови така што сега се најдоа на листата на тимови кои имаат најлош биланс во најсилното клупско натпреварување.
На списокот на десетте најлоши состави има три кои не успеале воопшто да освојат бодови во сезоната во која се натпреварувале. Сите три екипи останаа без поени во иста сезона и тоа во 2011/12.
Босна од Сараево е лидер во тројката бидејќи имаше гол разлика од -148 гола. Следуваат Партизан од Белград со -74 погодоци и Бјерингбро Силкеборг со -62.
Во топ 10 двапати се најде тимот на Вакер Тун од Швајцарија кој во двете лоши сезони освојуваше по само еден поен. Овој состав не успеа да дојде до повеќе поени ниту во 2013/14 ниту во 2018/19.
На топ 10 листата се најдоа следниве тимови:
0 ПОЕНИ: Босна (БиХ, 11/12), Партизан (Србија, 11/12), Бјеринбро (Данска 11/12).
1 ПОЕН: Вакер Тун (Швајцарија, 13/14 и 18/19), Санкт Петерсбург (Русија, 13/14), Дрот (Шведска, 13/14), Чеховски медведи (Русија, 14/15).
2 ПОЕНИ: Кадетен Шафхаузен (Швајцарија, 16/17), Бешикташ (Турција, 15/16).