Сите четворица ракометари на врвот на Листата на најдобри асистенти се од репрезентации кои играат во Групата Б во Виена што покажува дека Македонија, Австрија и Чешка имаат најдобри додавачи на овој шампионат.
Добрата игра на капитенот на Македонија го постави во топ 3 и на листата на најдобри асистенти на овој шампионат. Има 13 асистенции со кои е на делба на второто место со левиот бек на Австрија, Никола Билик. Таму на првото место е уште еден Австриец, Јанко Божовиќ, кој на двете средби против Чешка и Украина направи 15 успешни додавања до колегите.
Во првата петка им се придружи и Сандер Сагосен од Норвешка, кој е прв стрелец после две кола на Европското првенство.
НАЈДОБРИ АСИСТЕНТИ
15 – Јанко Божовиќ (Австрија)
13 – Кирил Лазаров (Македонија)
13 – Никола Билик (Австрија)
12 – Томас Бабак (Чешка)
11 – Сандер Сагосен (Норвешка)