Дербито во Супер машката лига меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се одигра в четврток во Битола во салата „Боро Чурлевски“, со почеток во 18 часот, а веќе е познато и кои судии ќе се најдат на теренот.
И на овој натпревар правдата ќе ја делат најдобрите арбитри од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои го судеа и финалето од Купот на Македонија во кое играа истите тимови.
На оваа средба делегат ќе биде Русе Наумовски.
Ова е 10. коло од плеј-офот, па веќе финишира сезоната и дефинитивно ова ќе биде натпревар кој ќе го даде новиот шампион на Македонија.
Инаку, познати се термините за сите натпревари од плеј-офот и официјалните лица.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ДЕЛЕГИРАЊЕ ЗА 10. КОЛО
СРЕДА, 19 МАЈ
19:00ч
ОХРИД – ПРОЛЕТ
Сала: „Тодор Александров“ во Велгошти. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.
ЧЕТВРТОК, 20 МАЈ
15:00ч
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – МЕТАЛУРГ
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Драган Начевски од Скопје.
18:00ч
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
Сала: „Боро Чурлевски“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.
СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ
Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
ТАБЕЛА