На средбата меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер која се очекува со големо нетрпение на теренот ќе се најдат најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Тие се делегирани за овој натпревар кој ќе го даде патоказот во битката за титулата. Средбата се игра во СЦ „Јане Сандански“ и доаѓа во моменти кога двете екипи имаат средби и од европските купови
Вардар се подготвува за пресметката против Веспрем која следува во следните два четвртока односно на 1 и 8 април, додека Еурофарм Пелистер е среде двобојот со Мадебург бидејќи во вторник следува и реваншот.
Што се однесува до средбата таа е од 3. коло од плеј-офот, а се игра во СЦ „Јане Сандански“.
Во ова коло има уште три интересни дуели. Металург со новиот тренер Иван Марковски в сабота игра против Еурофарм Пелистер 2 од 15 часот, додека Пролет од 16:30 го пречекува Охрид. Денеска колото ќе биде отворено од составите на Бутел Скопје и Струга на дуелот кој се игра во Скопје од 18 часот.