Најдобриот фински ракометар, Нико Ронберг, откако го раскина договорот со францускиот Иври, реши да се врати во татковината.
Тој се договори да игра за шампионот БК-46 до крајот на сезоната, а неодамна за овој клуб потпиша и македонскиот интернационалец Стефан Трпчевски.
Ронберг поради повреда не настапи на квалификацискиот натпревар против Македонија, но ќе биде подготвен за продолжението од сезоната и битките за шампионската титула против Кокс и Дикен во Финска.
Тој не се снајде најдобро во Франција и поради приватни причини се враќа дома. Претходно беше дел од Кокс и од норвешкиот Арендал.