Левиот бек Митко Караиванов во продолжение од сезоната ќе биде дел од тимот на Младост Богданци. Најдобриот суперлигашки стрелец (96 голови) се враќа дома откако минатата година и пол настапуваше за струмички Астраион.
Со доаѓањето на Караиванов, како и со претходно ангажираниот лев бек Лошаков, Младост сега ја обезбеди левата бековска позиција, а тука се и Митко Стоилов, како и Молдавецот Лупашко, па сигурно на ниеден тим нема да му биде лесно на гостувањето во Богданци, каде своевремено паѓаа и најголемите.
Како голем талент од Богданци, во 2007 година Караиванов се пресели во Вардар со кој играше и во Лигат на шампионите, а беше дел и од МРК Вардар. По три години во Скопје замина во битолски Пелистер, а потоа го имаше првото интернационално искуство во грчкиот Диомидис Аргус.
По камбекот во Македонија ги носеше дресовите на Зомимак Струмица, Охрид, Еурофарм Работник и Младост, пред да се пресели во струмички Астраион.