Комплетирана е листата на учесници на претстојното издание на Супер Глоуб што ќе се одржи од 7 до 12 ноември во Саудиска Арабија.
Последен учесник е составот на Ал Кувајт, кој предводен од најдобриот стрелец на СП 2021, Франкис Марзо, стигна до златото на Африканското клупско првенство и билет за Супер Глоуб.
Ал Кувајт во финалето го совлада составот на Замалек со еден гол разлика, 31-30, а Марзо беше стрелец на 13 погодоци.
Во составот на победничкиот тим беше и некогашниот чувар на мрежата на Вардар, Али Сафар.
Од претходно потврдени учесници се Магдебург, Барса, Келце, Фуксе Берлин, Сан Фернандо, Ал Ахли, Ал Наџма, Ал Нор, Универзитет Квинсленд, Сан Франциско и Ал Калеј.