Најдобриот стрелец на Куманово се врати дома

Еден од најдобрите стрелци од минатата сезона во Супер лигата, Вучко Мрвовиќ, кариерата ќе ја продолжи во својата татковина.

Младиот ракометар, кој беше алфа и омега во тимот на Куманово и најзаслужен за обезбедениот опстанок на клубот во македонската елита, одлучи да ја прифати понудата на новиот српски суперлигаш Уб.

Мрвовиќ со неговите одлучни настапи за Куманово уште во првиот дел од минатата сезона стана мета на неколку поквалитетни суперлигаши од Македонија, но и од странски клубови.

Сепак, плановите и амбициите на новакот во најквалитетното српско натпреварување беа причина да направи камбек во Србија.

22-годишниот ракометар во својата кариера го носеше дресот и на Рудар Костолац, Раднички Крагујевац, Спартак Војпут од Суботица и грчкиот Филипос Верија.

Екипата на Уб за новата сезона ќе биде посилна и со некогашниот десен бек на Охрид, Дарко Павловиќ.