Најдобриот стрелец од последното Светско првенство, Франкис Марзо, го напушта шампионот на Португалија, Спортинг Лисабон и го засилува клубот од Катар, Ар Араби.
Според „Hand Goal“, репрезентативецот на Катар со потекло од Куба, ќе остане подолг временски период во катарскиот клуб и има потпишано договор до 2026 година.
Марзо од 2011 година го носеше дресот на Спортинг Лисабон. Плејмејкерот е во одлична форма во последните години и беше мета на голем број клубови од Европа.
Беше лидер на репрезентацијата на Катар на Светското првенство во Египет. Иако неговата репрезентација не се прослави многу, Марзо беше прогласен за најдобар стрелец на првенството со 58 голови.