Специјализираниот портал за ракомет - www.24rakomet.mk традиционално го организира изборот за најдобар тим на полусезоната во домашното првенство. Во гласањето за Изборот учествуваат публиката (читателите преку онлајн гласање), редакцијата на 24ракомет и новинари кои ги следат ракометните случувања во Македонија. Со собирање на сите гласови се избираше најдобриот тим од седум играчи, најдобриот тренер, дефанзивен играч, млад играч, странец... Во соработка со нашиот партнер Jamieson најдобрите добија и мали подароци.
Во изборот на идеалниот тим на полусезоната, на позицијата среден бек наградата ја освои Анте Гаџа играчот на Вардар. Хрватскиот интернационалец кога беше најпотребно ја „носеше играта“ на актуелниот македонски првак, и особено добро одигра на клучниот меч во Битола на гостувањето кај Еурофарм Пелистер.
„Наградата од публиката и новинарите сигурно дека значи многу, убаво е чувството да се биде најдобар среден бек за овој тек од сезоната во Македонската лига, секако дека и екипата е заслужна за оваа награда и среќен сум поради тоа“, вели Гаџа.
Во конкуренцијата за најдобер среден бек во гласањето покрај Гаџа беа уште уште и Халил Озтурк, Јосип Периќ, Филип Кривокапиќ и Стефан Додиќ. На некои натпревари, Гаџа на настапи сезонава во домашното првенство, а некои средби секако многу значеа за Гаџа и за тимот.
„На некои натпревари не можев да настапувам бидејќи бев странец, но сега веќе ја исполнив квотата и ќе играм на секоја нареден натпревар. Секој натпревар е тежок и секоја екипа е незгодна, посебно на нивен терен. Никого не би издвоил, за сите екипи треба посебен тренинг, добра концентрација и максимална сериозност за да се победи на натпреварот. Секоја екипа во Македонија има извонредни средни бекови. Јас, навистина ги почитувам колегите и многу ми е мило што сум избран како најдобар среден бек“,
Сезоната е во тек, а првиот дел оние 14 кола секако донесоа и некои тешки моменти, неизвесни средби, радост и тага..
„Натпреварот против Пелистер во Битола беше највпечатлив. Тоа беше еден интензивен дуел, и на крај поволен резултат за нас, секако тоа ќе ми остане во моите сеќавања“, вели Гаџа.
Целта на Вардар за оваа сезона многупати е кажана, тоа е двојна круна. Засега се оди според планот.
„Тоа е целта во домашното првенство и мислам дека добро играме, и секако освојување на Купот и што подобар пласман во Лигата на шампионите“.
На крајот од сезоната завршува договорот на Гаџа во Вардар, има ли некоја комбинација?
„Па сега за сега сме во преговори, па за некој ден ќе знаеме повеќе..вели Гаџа.