Можеби најголемото трансфер промашување во историјата на Металург, Иранецот Амин Јусуфинеџад, има нов клуб.
Левиот бек со македонскиот тим потпиша договор на три и пол години во 2016 година, но престојот му траеше половина сезона.
Потоа играше половина сезона за туниската Есперанца, швајцарскиот Кринс Луцерн, италијанската Сиена, но никаде не остави голем впечаток.
24-годишниот ирански репрезентативец денеска потпиша на една сезона со романската екипа Дунареа Калараши.