Словачкиот шампион Татран Прешов за наредната сезона се засили со уште еден играч од Тунис. По Џихед Џабала, на тимот од лето ќе се приклучи и неговот сонародник, 23 годишниот Анур Бен Абдалах.
Најновото засилување во Татран пристигнува од најдобриот клуб во Тунис, Етоиле Спортив ду Сахел. Абдалах потпиша двегодишен договор со словачкиот клуб и настапува на десната бековска позиција, а исто така може да покрие и на десно крило. Задоволството од ангажирањето на Тунижанецот го истакна и директорот на клубот.
„Тој е играч кој игра главна улога во неговиот клуб. Поранешниот тренер на Тунис, Антонио Герона ни даде многу корисни информации. Тој го користеше повеќе на крило но и на неговата класична позиција на бек. Ова е експлозивен играч кој бара ситуации еден на еден, но исто така има и одличен удар од далечина“, рече директорот Мирослав Беницки.
За Анур Бен Абдалах ова е прв ангажман во Европа, покрај Татран Прешов имало интерес за него од екипи од Франција и Шпанија. Анур е стандарден член на репрезентациајта на Тунис и учествуваше на Светските првенства во 2017 и 2019 година.
Иако беше најавено дека Татран ќе стане аматерски клуб од следната сезона, не изгледа баш така. Тимот донесе вкупно шест засилувања, но и покрај тоа тешко дека ќе добие место во Лигата на шампионите и ќе мора да игра во Лигата на Европа.