Денеска се игра големото дерби во полскиот ракомет, односно „светата војна“ како што ја нарекуваат тамошните медиуми меѓу шампионот Келце и Висла Плоцк.
Македонија ќе има свои претставници на овој натпревар во арбитрите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
По специјална покана на полската федерација, Начевски и Николов ќе го судат овој натпревар кој се очекува да биде полн со возбудувања.
Најдобрите македонски судии имаат полна агенда. Во четвртокот го судеа двобојот меѓу ПИК Сегед и Кил, во петокот оној меѓу Тиквеш и Бутел, а денеска се во Полска.