Најдобрата судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, добија уште едно признание за нивната работа.
Македонските арбитри ќе бидат дел од ракометните турнири на Олимписките игри во Токио.
По Светското првенство во Египет на стартот на годинава, Начевски и Николов, оваа година ќе имаат уште едно големо натпреварување.
Тие судеа на Олимпијадите во Лондон во 2012 година и во Рио де Жанеиро во 2016 година, па ова за нив ќе биде трето учество на најголемиот спортски настан во светот.
Ракометните турнири во Токио ќе се играат од 24 јули до 8 август.