Начевски и Николов ќе му судат на светскиот првак

Светската ракометна федерација ги делегираше судиите за денешните натпреварите од главната рунда на Мундијалот во Египет.

Најдобрата македонска судиска двојка – Ѓорѓи Начевски и Славе Николов доби нова задача.

Тие ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу светскиот првак Данска и Јапонија, а делегат ќе биде Герхард Рајзигер од Австрија.

Со оглед на тоа што Македонија нема да игра во завршницата, реално е Начевски и Николов да останат до крај во Египет.