Најдобрите македонски арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, по натпреварите во Малме, веќе се во Виена, каде што ќе судат уште најмалку еден дуел од главната рунда на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
ЕХФ ги делегираше нашите судии да ја делат правдата на соседската пресметка меѓу Австрија и Германија.
Овој натпревар се игра денеска со почеток во 20:30 часот во „Штадхале Арена“, а победникот ќе остане во конкуренција за третото место во групата 1 и за олимписки квалификации.