Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за последните натпревари од групната на Мундијалот во Египет.
Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, ќе дели правда на натпреварот меѓу Хрватска и Катар, кој одлучува за првото место во групата.
Натпреварот се игра вечерва од 18:00 часот, а делегат ќе биде Мур од Шпанија.
Драган Начевски ќе биде делегат на дербито од групата А меѓу Германија и Унгарија, натпревар кој е на програмата од 20:30 часот.