Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе ја има првата задача на Светското првенство во Египет.
Тие двајца ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу селекциите на Тунис и Полска што ќе се игра вечерва од 20:30 часот.
Делегат на оваа средба ќе биде Унгарецот Балаж Сос.
Драган Начевски ќе биде меѓу официјалните лица на ИХФ на средбите Унгарија – Капе Верде и Германија – Уругвај.