Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, од денеска ќе биде активна на квалификацискиот турнир за Олимписките игри што е на програмата во Берлин.
Светската ракометна федерација веќе ги делегираше арбитрите за првите натпревари, а Начевски и Николов ќе бидат судии на мечот Германија и Шведска.
Овој дуел се игра денеска во „Макс Шмелинг Арена“ во Берлин од 15:45 часот и можеби на крајот ќе одлучи за првото место во групата.
Во оваа група се уште Словенија и Алжир, а избраниците на Љубомир Врањеш сигурно ќе им ги замрсат сметките на Германија и Шведска, кои се главни фаворити за место на ОИ.
Драган Начевски исто така денеска ќе биде активен. Тој ќе биде делегат на ИХФ на двете средби што се играат во Подгорица, Чиле против Кореја и Норвешка против Бразил.