Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за второто коло во Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов следната среда ќе ја имаат првата европска задача во новата сезона.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу норвешкиот Елверум и данскиот дрим-тим Алборг, за кој играат Микел Хансен, Кристијан Бјорнсен, Арон Палмарсон…
Делегат на натпреварот ќе биде Хелмут Виле од Австрија, а тој ќе се игра во Елверум на 21 септември од 18:45 часот.