Светската ракометна федерација ги делегираше судиите за второто коло од квалификациите за Олимписките игри.
Најдобрата македонска судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани на мечот меѓу Шведска и Алжир.
На овој дуел од 18:00 часот во „Мак Шмелинг Арена“ во Берлин, светскиот вицепрвак е голем фаворит.
Претходно во истата група ќе се соочат Германија и Словенија од 15:35 часот.