В недела во салата „Боро Чурлевски“ во Битола се игра големото дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое ќе го одлучи и шампионот во македонското првенство.
Со оглед на важноста на натпреварот Ракометната федерација на Македонија за дуелот во Битола ја избра двојката најдобри македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегат на натпреварот ќе биде Дарко Камишевски, а контролор Камер Металари.
На последниот натпревар одигран во Скопје на Еурофарм Пелистер забележа минимална победа од 23:24, па затоа Вардар сега ако сака да ја одбрани титулата мора да победи во Битола.
Ќе потсетиме, билетите за продажба во овој натпревар ќе бидат пуштени утре и истите ќе бидат по цена од 200 денари.
Големото дерби за 200 денари, билети ќе се продаваат во петок!