Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, од денеска ќе бидат дел од ТВ турнирот на шампионите во Добој.
Прв предизвика за нашите арбитри ќе биде балканскиот двобој меѓу хрватскиот првак Загреб и словенечкиот шампион Целје.
Овој натпревар се игра од 21:00 часот и ќе биде трет од денешната програма во која играа Војводина против Барса, како и Еурофарм Пелистер против Ал Ахли.
Во првиот натпревар на турнирот, францускиот Монпелје немаше проблеми против Слога Добој и победи со 44-20.