Најдобрите македонски судии – Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, по вчерашниот натпревар во Малме меѓу Русија и Исланд, денеска добија нова задача на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
ЕХФ ги делегираше македонските арбитри на натпреварот меѓу домаќинот Шведска и Полска, кој се игра со почеток во 20:30 часот во „Малме Арена“.
Во оваа група претходно од 18:15 часот ќе се соочат селекциите на Словенија и Швајцарија.